Германија, Британија, Франција и Италија подготвени за мисија за обезбедување на пловидбата низ Ормуската Теснина

Германија, Франција, Обединетото Кралство и Италија изразија подготвеност да помогнат во обезбедување слободна пловидба низ Ормуската Теснина, вклучително и нивно учество во евентуална таква мисија.
Во заедничката изјава на германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и италијанската премиерка Џорџа Мелони, се наведува дека итното отворање на Ормуската Теснина за „безусловна и неограничена слобода на пловидба“ е од исклучителна важност.
„Подготвени сме да ја одиграме нашата улога во постигнувањето на таа цел – во согласност со нашите уставни обврски – вклучително и преку строго одбранбена и независна мисија за обезбедување на трговската пловидба и спроведување операции за деминирање“, се вели во документот објавен откако беше соопштено за постигнат мировен договор меѓу САД и Иран.
Четворицата лидери ја повторија својата позиција дека на Иран никогаш не смее да му биде дозволено да поседува нуклеарно оружје.
„Сега е од суштинско значење да се спроведат деталните преговори и договорот брзо и целосно да се реализира. Подготвени сме да ги поддржиме тие напори“, се наведува во заедничката изјава.
Четирите земји посочија и можност во иднина да бидат укинати санкциите кон Иран, доколку Техеран преземе јасни и проверливи чекори во врска со својата нуклеарна програма.
МИА
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
