Германија ги затвора последните три нуклеарни централи
Со одлука на германската Влада денеска ќе бидат исклучени од мрежата за снабдување со електрична енергија последните три реактори на нуклеарните централи.
Првично беше планирано последните три нуклеарни централи Емсланд, Исар 2 и Некарвестхајм 2 да бидат исклучени на крајот на минатата година, но нивната работа беше предложена поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија како резултат на рускиот напад врз Украина.
- Излегувањето од системот за снабдување со електрична енергија од нуклеарните централи ја прави нашата земја побезбедна бидејќи ризиците што ги носат нуклеарните централи се непремостливи, изјави германската министерка за заштита на животната средина Штефи Лемке (Зелени).
Група научници вчера ја повика германската Влада да го пролонгира затворањето на нуклеарните централи.
- Поради големата закана што климатските промени ја претставуваат за животот на нашата планета и поради очигледната енергетска криза во која се соочуваат Германија и Европа поради прекинот на испораките од Русија, апелираме до германската Влада да ги остави преостанатите три нуклеарни електрани во функција, се наведува во отвореното писмо на научниците испратено до германскиот канцелар Олаф Шолц.
Во писмото, кое меѓу другите го потпишаа и добитниците на Нобеловата награда за физика Клаус фон Клицинг и Стивен Чу, се наведува дека нуклеарните централи треба да се задржат поради „очигледните предности на процесот на климатски промени“.
- Овие електрани снабдуваат 10 милиони домаќинства во Германија со електрична енергија, која се добива на начин што не ги забрзува климатските промени. Со тоа Германија годишно заштедува 30 милиони тони штетен јаглерод диоксид, се наведува во писмото потпишано од дваесет научници.
Научниците укажуваат на други земји во Европа, како што се Франција, Полска или Велика Британија, кои се откажаа од затворањето на своите нуклеарни централи во последните години.
Според резултатите од анкетата на јавниот сервис АРД, 59 проценти од испитаниците оцениле дека таквата политичка одлука е погрешна, додека 34 отсто ја сметаат за исправна.
Одлуката за повлекување на Германија од системот за снабдување со електрична енергија од нуклеарните централи ја донесе владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел (ЦДУ) по нуклеарната катастрофа во Фукушима, Јапонија во 2011 година.
Ново на Сител
-
Приведен 72 годишен демиркапиец за вознемирување малолетничка
-
Укината забраната за ТТВ на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
„Супер годината на избори“ донесе зајакната позиција на жените лидерки во ЕУ
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Скијачки центар Михајлово се отвора вo среда, најавен и превоз од Кавадарци
-
ОН одобри нова мировна мисија во Сомалија
-
Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата
-
Русија соопшти дека ноќеска уништила десетици беспилотни летала кои Украина ги користела за напад на нејзина територија