Германија очекува долг период на тероризам
По нападите во Брисел и апсењето на тројцата косовски државјани кои, според германското обвинителство, планирале терористички напади на југот од Германија, и во оваа земја расте стравот од терористички напади.
-Треба да очекуваме долг период на терористички активности. Лондон, Мадрид, Париз, сега Брисел. Ниту германските градови нема да бидат поштедени на долг рок. Досега имавме среќа, вели првиот човек на германскиот полициски синдикат Рајнер Вент за весникот „Пасауер Ноје Пресе“.
Според германскиот министер за надворешни работи Томас де Мазиер, најдобар лек за терористичките напади е подобрување на размената на информации. За вестите на телевизијата РТЛ, Мазиер вели дека е потребна поврзаност за сите извори на информации.
-Главен проблем е што сега постојат засебни дата бази на податоци, за визи, за истраги и за патници во авиосообраќајот. Мора да ги поврземе овие податоци, вели Де Мазиер, според кого во моментов размената на податоци е поважна од тајноста на личните податоци, што поради долгата историја на темелно следење од страна на нацистичките служби и подоцна од страна на „Штази“ во источна Германија е посебно важно човеково право во германскиот политички систем.
Според министерот, со оглед на ситуацијата со тероризмот заштитата на личните податоци паѓаат на дното на листата на приоритети.
Ново на Сител
-
Лазаров по мечот со Хрватска: Се боревме од почеток до крај, тоа ни беше главна цел
-
Ѓоковиќ тврди дека бил отруен за време на притворањето во Австралија пред три години
-
Полицајци на Царина барале поткуп кој потоа го делеле меѓу себе - Обвинение за 16 лица во предметот „Премин“
-
Се изготвува ново законско решение за сообраќајните камери
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Тетово - село Гајре и Кула - Катланово
-
Инспектор за недозволена трговија со дрога и оружје физички го нападнал началникот на ОВР Радовиш - следува пријава
-
Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување
-
ЕУ и исплати три милијарди евра на Украина