Германија планира „единица за рано откривање“ за борба против десничарскиот екстремизам
Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер планира да формира „единица за рано откривање“ за кампањи за странска манипулација и влијание како дел од владините напори за борба против десничарскиот екстремизам, јави ДПА.
Планот е дел од пакетот од 13 мерки што Фезер ги претстави денеска во Берлин заедно со шефот на домашните разузнавачки служби Томас Халденванг и шефот на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција Холгер Минх.
Новата единица за рано откривање е наменета однапред да препознава кампањи кои се користат за манипулирање со слободното формирање мислење и политичка дебата и за слабеење на демократијата.
- Сакаме да ги искористиме сите инструменти на владеењето на правото за да ја заштитиме нашата демократија.
Сакаме да ги разбиеме десничарските екстремистички мрежи, да им ги одземеме приходите и да им го одземеме оружјето, рече Фезер во изјавата.
Министерството за внатрешни работи се залага и за измена на германскиот устав за подобра заштита на Сојузниот уставен суд од влијанието на непријателите на демократијата.
За ова се разговара и меѓу правните експерти, со особен фокус на назначувањето на судии, пренесе ДПА.
Ново на Сител
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица: Политички паразити
-
Судија ја суспендира одлуката на Трамп за укинување на правниот статус за 532.000 имигранти
-
Детектирана ХББ кај 28,5 отсто од 1.031 испитаник во државава
-
Маркетите од петок ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Таравари: Доколку имало пропуст или грешка за пациентот од Кардиохирургија одговорност ќе има
-
Лавров: Не е лесно да се преговара за мирен договор за Украина со САД
-
Георгиев: Уставните измени само прв, но не и единствен услов за земјава
-
Ван Дајк: Мислам дека Ливерпул ќе биде способен да се бори за титулата и во годините што доаѓаат