Германија пријавила во НАТО рекорден воен буџет за 2021 година
Германија пријавила во НАТО рекорден воен буџет од 53 милијарди евра за 2021 година, јавија денеска германските медиуми.Тоа е за 3,2 проценти повеќе отколку во 2020 година, кога буџетот за армијата изнесуваше 51,4 милијарди евра, пренесува новинската агенција ДПА.
Во седиштето на НАТО во Брисел, се надеваат дека зголемувањето на буџетите на земји како Германија ќе го олесни трансатлантскиот спор околу износот на заедничките трошоци за одбрана. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг неодамна изјави дека очекува притисок и од новиот американски претседател по ова прашање.
– Сите американски претседатели во последните децении се залагаа за поголеми воени буџети на европските партнери во НАТО, изјави Столтенберг за ДПА. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2018 година се закани дека ќе ги повлече САД од Алијансата доколку членките не ги зголемат трошоците за НАТО на два процента од БДП.
Минатата година Германија одвои 1,57 проценти од БДП, што е зголемување во споредба со 2019 година, кога беше 1,36 проценти. Но, ова зголемување е поврзано со економскиот пад предизвикан од корона кризата. „Шпигел онлајн“ објави денеска дека Бундесверот во моментов „не е во можност да ги исполни планираните цели за НАТО во однос на вооружувањето, поради хроничен недостиг на пари“.
Министерството за одбрана стравува дека поради намалувањето на буџетот, како резултат на корона-кризата, воените сили ќе останат без потребните средства, наведува магазинот. Претставниците на Бундесверот бараат зголемување на буџетот поради зголемената воена закана од Русија и Кина, особено во областа на кибернетиката.
Ново на Сител
-
Инспекторите на терен – дали 140 ученици од “Ѓорѓија Пулевски” се затруени со храна?
-
Кривична пријава за поранешниот директор на струмичкиот затвор
-
Законот за нефер трговски практики почнува од утре, поевтинување се очекува за еден месец
-
Пропадна тендерот за пругата кон Бугарија, приоритет ќе биде Коридор 10
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите, бараат зголемување на цените за изминат километар
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски-Орбан и заедничка владина седница во Охрид
-
УЈП најави строги контроли на претстојните „Денови на кочанскиот ориз“