Германија првпат прифаќа деца на терористи од Сирија

Четири деца чии германски родители се бореле на страната на терористичката група Исламска Држава во Сирија, помеѓу кои и болно бебе, денеска им се предадени на Германија, изјави шефот на германската дипломатија Хајко Мас.
Децата биле сместени во кампови во Сирија со уште 70.000 жени и деца, од кои поголемиот број странци, а сите пристигнале од територија која ја контролира ИД.
Две од четирите деца што ги прифати Германија се сирачиња. Тие се предадени на границата на Сирија со Ирак во присуство на претставник на германското Министерство за надворешни работи.
– Поголемиот број од нив се многу мали деца, а нивното сместување е далеку од добро. Тие не се одговори за тоа што го правеле нивните родители – посочи Мас.
Германија е последната европска држава кој спроведува репатрација на деца чии родители биле припадници на ИД. Берлин има преземено деца од припадници на ИД осудени во Ирак, но првпат презема деца од Сирија.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
