Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи

Германските царински службеници пронашле околу 1.500 млади тарантули скриени во пластични садови во кутии со чоколадни бисквити. Пратката пристигнала од Виетнам на аеродромот „Келн/Бон“ на 18 јуни 2025 година, а чуден мирис довел до откривање на овој нелегален обид за увоз на егзотични животни, објави „Еуроњуз“ (Euronews).
Според официјалните наводи, царинските службеници се посомневале во содржината на пратката бидејќи мирисот што се ширел не се совпаѓал со слатките како што биле декларирани.
- Моите колеги на аеродромот честопати се изненадени од содржината на забранетите пратки од целиот свет, но фактот дека пронашле околу мали пластични садови со 1.500 млади тарантули во овој пакет ги остави без зборови дури и најискусните, изјави Јенс Аланд, пертставник на царината во Келн.
Повеќето од малите животни угинале за време на транзитот. Останатите беа спасени. Примателот се соочува со кривични обвиненија.
Аланд го опиша целиот случај како „исклучителен“, но и „тажен“, бидејќи покажува што некои луѓе се подготвени да направат на животните за заработка. Во телефонски разговор, тој додаде дека пазарната вредност на запленетата пратка сѐ уште се проценува. Поради условите во коишто биле пренесувани, голем број тарантули не го преживеале патувањето, што веројатно, е и прекршување на германските закони за заштита на животните. Преживеаните единки биле згрижени од тим стручњаци кои ќе се погрижат за нивното закрепнување и безбедност.
МИА
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
