Свет
23. July 2016 - 9:12

Германската полиција со робот го проверува ранецот на еден од убиените во Минхен

Во близина на телото што беше пронајдено доцна синоќа во трговскиот центар „Олимпија“, каде што вчера попладнето се случи вооружениот напад, германската полиција нашла црвен ранец, кој наликува на оној што, според очевидци, го носел напаѓачот кој почнал да пука пред ресторанот „Мекдоналдс“.

Како што јави германското радио Бајерише Рундфук, портапролот на минхенската полиција Маркус да Глорија Мартинс соопшти дека припадници на специјалните полициски единици со помош на робот ја проверува содржината на ранецот.

Мартинс соопшти и дека полицијата пронашла уште едно тело крај река Изар и проверува дали тоа има врска со нападот во бликсиот трговски центар.