Германската полиција трага по лице од Тунис
Во камионот со кој е извршен нападот во Берлин на божиќниот панаѓур при што беа убиени 12 луѓе, а над 48 се повредени, полицијата пронашла лични документи кои се водат на еден Тунижанец за кого трага полицијата, јавуваат денеска германските медиуми.
Според пишувањата, во кабината е пронајдена потврда за престој со податоци на Тунижанецот Анис А. (24) роден во Татуин. Се верува дека осомничениот користел и други лажни имиња.
Германската телевизија АРД објави дека новата трага води кон салафистичките кругови во Германија.
Полицијата денеска објави и фотографија на осомничениот кој во полицијата се води како осомничен за нанесување телесни повреди, но досега не е ппокренато обвинение против него, бидејќи му се губи секаква трага.
Анис А. е опишан како опасно лице и полицијата предупредува дека припажа на голема исламистичка мрежа.
Полицијата наводно му влегла во трага на Тунижанецот, а медиумите објавуваат дека претстоат „конкретни мерки“ во покраината Нордрајн Вестфалија
Повикувајќи се на агенциите, се објавува дека наводно пронајдена е „жешка трага“ до извршителот на злосторството.
Претходно, уапсен е еден осомничен, но набрзо е пуштен, објави германскиот весник Билд.
Поради недостаток на докази вчера е пуште на слобода 23 годишниот пакистански азилант Навид Д. Кој беше осомничен за нападот.
Ново на Сител
-
Академијата за судии и обвинители ќе добие нов директор, во трка седуммина кандидати
-
ЕСM: Цевководот под Беласица ќе биде поставен во наредните неколку месеци
-
СДСМ: Со ВМРО-ДПМНЕ просечната плата паѓа
-
Инспектори казнуваат и се уништува небезбедна храна
-
Реформи во судството ќе има со политичка воља, во спротивно ќе останат само на хартија
-
Античка Стибера останува под земја
-
,,Библиотека на тркала'' во Струмица - полесно до книга
-
Преглед на вестите од светот