-->
-->
Германскиот канцелар Шолц позитивен на коронавирус
-->
Германскиот канцелар Олаф Шолц е позитивен на тест за ковид по враќањето од посетата на Блискиот Исток, соопшти денеска владиниот портпарол.
Германскиот лидер имал „благи симптоми“ на настинка, а откако тестот покажа дека е позитивен на коронавирусот, замина во изолација во неговиот апартман во владата, рече Штефен Хебештрајт.
Неговите состаноци закажани за следните неколку дена ќе се одржат виртуелно, додаде портпаролот.
Шолц е позитивен на коронавирусот откако се врати од кусата турнеја овој викенд во Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, чија цел беше да се најдат нови извори за снабдување со енергија за Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Полицијата нема да дозволи дополнителни стражи околу црквата Свети Спас
-
Спасовски и Демерџиев тврдат дека нема да дозволат инциденти на 4 февруари
-
Лорер: Тепаниот не е бугарски државјанин, Бугариja треба да се грижи за своите граѓани, а напаѓачот е бугарски граѓанин
-
Азески со 5 прашања ја честиташе годишницата на владиниот кабинет
-
Тема на денот со Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Демократски сојуз предлага формирање на македонски ФБИ за борба со криминалот и корупцијата
-
Финска - сакаме да влеземе во НАТО кога и Шведска
-
Ѓоковиќ се врати на првото место на АТП ранг-листата