Германските социјалдемократи под се поголем притисок да преговараат со Меркел

Германските социјалдемократи се изложени на се поголем притисок да го променат ставот и да се вклучат во владината коалиција во Германија, откако пропаднаа тристраните преговори на демохристијаните, либералите и зелените за формирање нова влада.
Лидерот на Социјалдемократска партија на Германија (СПД), Мартин Шулц, ја исклучи можноста за широка коалиција, откако неговата партија ги забележа најлошите изборини резултати во поствоениот период на изборите одржани во септември.
„Гардијан“ тврди дека се очекува, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е сопартиец на Шулц, денеска да разговара со него со цел, тој да ја промени својата позиција во однос на учеството во Владата. Шулц во неделата, по пропаѓањето на преговорите за формирање нова коалиција, нагласи дека не го променил ставот околу колаицирањето со демохристијаните.
Британскиот весник наведува дека постои предлог Шулц да биде повикан да ја напушти лидерската позиција во СПД на претстојаната конфернеција на партијата, што ќе биде одржана за две недели, доколку одбие да преговара за продолжување на досегашната владина коалиција со Христијанко демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел.
Меркел, по пропаѓањето на преговорите меѓу ЦДУ, нејзината сестринска Христијанско социјална унија (ЦСУ), Слободната демократска партија (ФДП) и Зелените, изјави дека претпочита да бидат одржани нови избори, отколку да раководи со малцинска влада, како и дека е подготвена повторно да биде кандидат на нејзината партија за канцелар.
„Гардијан“ забележува дека по неуспехот на трипартитните преговори, Меркел доби уште поголема поддршка во ЦДУ, со што на никаков начин не е загрозена нејзината лидерска позиција.
Сепак, позицијата на Шулц во СПД е понестабилна, бидејќи многу социјалдемократи сметаат дека не треба да бидат одржани нови избори, бидејќи, според нив, партијата може да оставри уште полоши резултати, а екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) да добие поголем број пратенички места.
Претседателката на парламентарната група на СПД, Андреа Нелс, наведе дека нејзината партија ја разгледала можноста за поддршка на мацинска влада составена само од партијата на Меркел или од ЦДУ и Зелените.
Ново на Сител
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
-

„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран
-

Бензинот поевтинува, дизелот поскапува – нови цени на горивата од полноќ
-

Во 44 акции против незаконски риболов на Охридското Езеро приведени две лица, запленети 25 мрежи и 702 белвици
-

Наместо од психолог и пријатели – младите му се доверуваат на AI и бараат помош и совети од чет-ботови
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Охридскиот аеродром постави нов рекорд-раст на патничкиот сообраќај од 41% во јули
-

Рекорден број прекршоци во јули: Над 20 илјади казни, 496 лица приведени и одземени 332 возила
