Гервала: Не ја спроведуваме ЕУ верзијата на ЗСО доколку Белград не го спроведе Бриселскиот договор
Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала,синоќа изјави дека косовската влада нема да го спроведе нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство предложен од Европската унија доколку Србија не ги исполни обврските што произлегуваат од Бриселскиот договор.
„Не го спроведуваме тој нацрт, што е во рамки на бриселскиот процес, без Србија да се обврзе да го спроведе својот дел од работата.
Затоа треба да ги раздвоиме работите, или ќе се занимаваме со Заедницата во Брисел или ќе се занимаваме со тоа во Косово, но не можеме да ги поврземе двата процеси заедно“, изјави Гервала за албанската програма на Гласот на Америка.
Таа рече дека минатата есен владата на Косово испратила свои коментари за таа верзија, но досега не добила одговор.
„Тој документ не можеме да го доставиме до Уставниот суд во формата во која е и во условите во кои е доставен“, рече Гервала.
Ново на Сител
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието
-
ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година