-->
-->
Гест: Роналдињо и Рикелме сакаат да играат за Шапекоенсе
-->
Легендарните фудбалери Роналдињо Гаучо и Хуан Рамон Рикелме изразиле желба од почетокот на наредната сезона да играат за бразилскиот Шапекоенсе.
Овие двајца играчи, кои остварија блескави кариери, сакаат да играат за Шапикоенсе во знак на солидарност со жртвите на трагичниот настан, кој се случи ноќта помеѓу 28 и 29.ноември, кога во авионска несреќа загинаа 18 фудбалери и тренерот на клубот.
Рикелме е во играчка пензија веќе две години, но бил подготвен повторно да се активира и шест месеци, без паричен надомест, да игра за Шапекоенсе.
„Мојот брат и пријателите сакаат повоторно да играм. Ќе видиме што ќе се случи“, изјавил за весникот Ел Бокон, Рикелме.
Бразилските медиуми пишуваат дека сличен чекор ќе направи и некогаш најдобриот фудбалер во светот Роналдињо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра