Гевгелија има потреба од унапредување на системот за собирање отпад
Општина Гевгелија има потреба од унапредување на системот за собирање отпад, беше констатирано на денешниот состанок што го организираше Германското друштво за меѓународна соработка со градоначалниците на Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.
Според направените анализи, беше истакнато дека депонирањето на комуналниот отпад во општина Гевгелија претставува еден од најголемите проблеми во регионот бидејќи веќе е исцрпен капацитетот на постојната депонија.Посебно оптоварување претставува и отпадот што се создава како последица од бегалската криза,поради што како дел од своите активности за помагање на општините,Германското друштво на општина Гевгелија досега и има отстапено на користење еден камион за дистрибуција на комуналниот отпад и булдожер за расчистување на депонијата.
Гевгелискиот градоначалник Иван Франгов истакна дека се наметнува потребата од изнаоѓање долгорочно решение за овој проблем,особено ако се има предвид дека од почетокот на бегалската криза до средината на јануари низ општина Гевгелија транзитирале 660.000 бегалци.
- Во изминатите пет месеци во општина Гевгелија биле собрани и дистрибуирани околу 24.000 метри кубни комунален отпад од кои дури 6.000 метри кубни се собрани од Привремениот транзитен центар за бегалци воГевгелија.Затоа од приоритетно значење е обезбедувањето нова локација за одлагање на отпадот и комплетна рехабилитација на постојната депонија преку регионално управување со комуналниот отпад, рече Франгов.
Активностите на Германското друштво за меѓународна соработка за помош на општините се спроведуваат во рамки на проектот за инфраструктурни мерки за задоволување на основните потреби на бегалците во избрани општини по рутата во земјите на Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Ахмети: Ако изгубам на избори, ќе се повлечам од политиката
-
31 годишник бранејќи се од дива свиња се самозастрелал во штипско
-
Се пренасочува сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце
-
Американците се обложиле во 100 милиони долари на Трамп против Харис
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО-ДПМНЕ
-
Конференција 75 години НАТО
-
Опозицијата прифаќа да оди на предвремени избори, албанската коалиција на власт смета дека нема потреба од избори
-
Изборен ден во САД