Гевгелија ќе гради систем за дополнителни количини вода за пиење
Општина Гевгелија денеска се задолжи со 83,5 милиони денари кај Светска банка за изградба на систем за обезбедување дополнителни количини вода за пиење.
Во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги, договорот за користење подзаем со Министерството за финансии го потпиша гевгелискиот градоначалник Иван Франгов, откако претходно општинскиот Совет имаше донесено одлука за долгорочно задолжување.
- Со обезбедениот подзаем ќе биде реализиран проектот за обезбедување дополнителни количества вода за пиење од бунарското подрачје Вардар со што долгорочно ќе го решиме проблемот со обезбедување на квалитетна вода за пиење во Гевгелија и сите населени места кои се приклучени на регионалниот водовод, соопштија од службата за односи со јавноста на општина Гевгелија.
Веднаш по потпишувањето на договорот за подзаем започнаа подготовки и постапката за распишување тендер за реализација на проектот, кои ќе се одвиваат според правилата на Светската банка.
Во реализацијата на проектот ќе биде искористен и доделениот грант од 260.000 евра од страна на Министерството за финансии.Од општина Гевгелија информираа дека паралелно со ова во тек е постапка што ја води УНДП со грант од Јапонската влада за реконструкција на еден бунар од Вардарското бунарско подрачје на кое издашноста на водата за пиење ќе му биде зголемена од 50 на 100 литри во секунда.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја
-
Дебарските пожарникари за три месеци евидентирале 31 интервенција
-
Вардар во Велес излеан на кејот, а во Градсиот парк поплавени дрвјата покрај брегот
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 4 април
-
Влада: Проблемот на работниците мора да се реши системски