-->
-->
Ги пцуел и навредувал полицајците, приведен дебранец на ГП Блато
-->
На Граничниот премин „Блато“, вчера во 20.45 часот И.К. (33) од Дебар, управувајќи патничко возило „Ауди А6“ со струшки регистарски ознаки, дошол на пасошка контрола.
Кога му биле побарани документи, тој почнал да ги пцуе и навредува полициските службеници, а се обидел и физички да нападне еден полициски службеник. И.К. бил приведен во Полициската станица за Граничен премин „Блато“, но и таму продолжил да се однесува агресивно.
Во 23.30 часот тој бил пренесен и задржан во Полициската станица Дебар за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кога се трошеле најмногу државни пари
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен