Ги „пукате“ прстите на рацете? Научниците велат дека…
Некои луѓе уживаат да ги пукаат зглобовите, додека некои тоа го сметаат за одвратна навика. За што навистина се работи?
Научниците се обидуваат да ја утврдат причината зошто некои луѓе имаат погласни зглобови од другите, но до сега не успеале да донесат заклучок за таа состојба. Единствено што се знае е дека тоа има некаква врска со азотот и јаглен-диоксид-от кои се насобираат помеѓу зглобовите, па штом е воздушниот притисок понизок, веројатноста дека ќе дојде до пукање е голема.
Се претпоставува дека звукот на пукање се јавува во моментот кога гасот нагло ќе премине во течна состојба.
И покрај тоа што не може да се утврди причината за оваа состојба, научниците велат дека таа не претставува некој голем проблем и дека доколку луѓето заради пукањето на прстите би имале проблем, тие сигурно до сега би знаеле.
Но постои еден услов – пукањето на прстите не смее да биде болно. Во тој случај, треба да се посети лекар.
Ново на Сител
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
