Ги тужи 12-годишниот внук поради излив на љубов
Њујорчанката Џенифер Конел го тужи својот 12-годшен внук Шон, наведувајќи дека се здобила со трајна повреда на раката поради „неразумното однесување“ на момчето.
Судот многу брзо донесе одлука, дека момчето кое имало само осум години кога ја повредил својата тетка, не е виновен, пренесува српски „Блиц“.
Повредата се случила во 2011 година кога на неговата роденденска забава, Шон, среќен што ја гледа, се стрчал кон својата тетка во прегратки, скршувајќи и го притоа зглобот на раката.
Иако тврди дека и понатаму многу го сака, 54-годишната директорка за човечки ресурси, бара од внукот надомест од 127.000 долари.
- Се сеќавам дека возеше црвен велосипед околу куќата кога дојдов. Кога ме виде почна да вика „тетка Џен те сакам“, а потоа се залета и ми скокна во прегратки, раскажа тетката пред судот.
Иако таа внукот го опиша како „многу мило момче“, смета дека тој треба да одговара за своето однесување и наведе дека повредата многу и го отежнала животот.
- Живеам во град, на третиот кат и многу ми е тешко, рече Конел пред судот, алудирајќи на кесите со намирници кои мора да ги носи.
- На забавата на која неодамна бев, едвај можев да ја држам чинијата, се пожали таа.
Момчето, чија мајка почина минатата година, на судот дојде со таткото.
Поротота по само 25 минути размислување донесе пресуда во полза на момчето.
Ново на Сител
-
Со 76 гласа „за“ Собранието ги изгласа замениците министри
-
Власта и опозицијата во Собранието согласни за укинување на економските директори во клиниките
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции
-
Со 76 гласа „за“ Собранието ги изгласа замениците министри
-
Собранието избира заменици министри
-
Имотите на Тошковски и Јанушев во фокусот на СДСМ
-
Не се пронајдени избеганите затвореници
-
Пожарот на Серта конечно ставен под контрола – Најкритично во Јасен