Гимназијалци од Гевгелија успешно го реализираа проектот ,,Дигитален маркетинг и готварство“
Гевгелиските средношколци успешно го реализираа проектот „Дигитален маркетинг и готварство“ кој во рамки на Еразмус + програмата го спроведуваа со партнер организации од Ирска и Грција.
Проектот опфати двенеделна мобилност на 22 ученици од економско правна и трговска струка во Даблин и исто таква мобилност на 13 ученици од угостителско туристичката струка во Јанина.
– Проектот овозможи учениците да се стекнат со знаење за основните предуслови за почетен бизнис,предностите на дигиталниот маркетинг, како и со значењето на иновативните бизнис методологии при развојот на малите и микро бизниси. Ја стимулира креативноста кај учениците при развивање на своите бизнис идеи и со стекнатите вештини им овозможува да бидат поконкурентни на пазарот на трудот, рече Цветан Нелоски, директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.
Покрај ова, учесниците во проектот имале можност да се запознаат со предизвците на старт ап компаниите, со начинот на вмрежување, влијанието на маркетинг стратегијата, како и со улогата на технолошките аспекти при развивањето на маркетинг стратегијата.
Во наредниот период предвидени се неколку дисеминации на кои ќе се синтетизираат стекнатите знаења од завршената мобилност во Ирска и Грција.
Ново на Сител
-
ЕК размислува за целосна конфискација на замрзнатите руски средства, Белгија изразува резерви
-
11-годишник тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во училиште во Прилеп
-
Бајден: Ја напуштив функцијата, но не и битката
-
Пет впечатливи моменти од церемонијата на инаугурацијата на Трамп
-
Криптовалутата на Трамп достигна пазарна вредност од 10 милијарди долари
-
Томовски: Потребно е да се набави нов државен авион, па и половен
-
24-годишник починат во када
-
Трамп ја врати Куба на листата на земји спонзори на тероризам