Гир и го предаде на Адеми извештајот на ЕК со оценките за Врховниот суд
Амбасадорот на Европската унија во земјава Дејвид Гир, денеска на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, официјално ѝ го предаде новиот Извештај за напредокот на Република Северна Македонија.

Како што информираат од Врховниот суд, амбасадорот Гир во своето обраќање ги истакна активностите и заложбите на Врховниот суд кои се позитивно нотирани, нагласувајќи дека владеењето на правото, независноста, ефикасноста и транспарентноста на судството имаат клучна улога за европските аспирации на Република Северна Македонија, а Врховниот суд е посветен на овие принципи на што упатува и новиот Извештај на Европската унија.

Претседателката на Врховниот суд изразувајќи благодарност до амбасадорот Гир за официјалното предавање на Извештајот на Европската унија во највисокиот суд во државата, истакна дека за исполнувањето на европските стандарди потребни се волја, решителност, сериозен пристап, како и доследна примена на принципите за независно судство.
-Она што е од особено значење за Врховниот суд е што во новиот Извештај, како и минатата година, највисокиот суд во државата повторно е оценет позитивно, што е потврда на континуираните заложби. Ова за нас претставува голема сатисфакција. Вложивме многу посветеност и енергија на овој план. Во Извештајот се потенцираат активностите на Врховниот суд во поглед на конзистентноста на судските одлуки, унапредувањето на судската практика, транспарентноста, работата на Советот за отворено судство и утврдувањето на начелните ставови засновани на европските стандарди, нагласи претседателката на Врховниот суд.
Ново на Сител
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
-

Министерката Јаневска на 24. Светски образовен форум во Лондон, ќе се обрати на панел дискусија посветена на креирање политики базирани на факти
-

Кина: Постигнат е напредок во трговските преговори со САД
