-->
-->
Гитан останува во Бенфика до 2019 година
-->
Најдобар фудбалер на португалската Бенфика, Николас Гаитан потпиша нов четиригодишен договор со клубот од Лисабон.
Иако не се објавени финансиските услови под кои Аргентинецот останува во Бенфика, сепак позната е неговата откупна клаузула, па Гаитан ќе бидат во можност да се пресели во друг тим само во случај на понуда од 45 милиони евра, односно откупување на нов договор.
- Убаво е што ја продолжувам соработката со Бенфика. Клубот ми укажа доверба, па одлуката беше лесна. Среќен сум што можам да остане во еден од најдобрите тимови во Европа, рече Гаитан за клупската телевизија, додавајќи дека само со „екстремно добра понуда би заминал од Лисабон’’.
Аргентинецот, претходно беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед, но, и уште неколку силни европски екипи како, Валенсија, Реал Мадрид, Милан и Јувентус .
Гаитан во Бенфика дојде од Бока Јуниор, а во португалската екипа настапува веќе пет сезони. Тој за репрезентацијата на Аргентина досега настапи на 12 натпревари и постигна два гола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Берзите во зелено, Трамп се сомничи за инсајдерско тргување!
-
Никој на форумот во Делфи не ги оправда царините на Трамп – „Најпогодени ќе бидат Американците“
-
Градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, урнале ѕид на соседната
-
Судски совет ја преиспита одлуката на судијата Ферати
-
Здравствени работници во земјата ќе се едуцираат како да им помогнат во долготрајната рехабилитација на повредените од Кочани
-
Акција: 43 лица осомничени за измами со брзи кредити
-
Советот на Кочани во понеделник ќе избира в.д. градоначалник
-
Нова криза со недостиг на терапија на Онкологија – тендерските процедури биле во тек