-->
-->
Ѓоковиќ се пласира во финалето на УС Опен
-->
Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на УС Опен, откако во лош и помалку бизарен полуфинален меч го совлада Гаел Монфис со 3-1 (6-3, 6-2, 2-6, 6-2), за нешто повеќе од два и пол часа игра.
Бранителот на титулата Ѓоковиќ не блескаше, иако за 70 минути ги доби првите два сета, а од друга страна Монфис со своето однесување на почетокот на третиот сет го навлече гневот на публиката, која неколку пати го почести со свирежи.
Ѓоковиќ експресно стигна до 5-0, кога Монфис го започна своето шоу, започна да се однесува како да игра егзибиционен меч. Со таквото однесување Монфис успеа својот противник даго исфрли од ритам, освои три гема, но Ѓоковиќ го доби првот сет.
Во вториот српскиот играч целосно доминираше и лесно стигна до 2-0 во сетови, но не успеа доминацијата од вториот да ја пренесе и во третиот сет.
Иако прв стигна до брејк и водство од 2-1, поради проблемите со рамото нивото на неговата игра опадна, а Монфис кој беше почестен со свирежи започна да игра како знае и успеа да го добе третиот сет.
Четвртиот сет донесе драма на теренот, најмногу поради очигледните здравствени проблеми со кои се соочуваа двајцата, Ѓоковиќ по мечот изјави дека големата влажност на воздухот ги предизвикала проблемите кај него без да го спомене рамото, поради кое побара лекарска интервенција.
На крајот сетот заврши со 6-2 за српскиот тенисер, кој ја забележа 13-та победа на д Монфис во истот толку мечеви, односно се избори за своето седмо финале во Њујорк, вкупно 21-во во кариерата.
Противник во финалето ќе му биде победникот од мечот помеѓу Стан Вавринка и Кеи Нишикори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Опожарено возило во Штип
-
Снимка од дворот на Раде Штекли, ова е моментот кога експлодирала бомбата | ВИДЕО
-
УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово
-
Владата и банкарите на средба ќе ги прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи парите од унгарскиот заем
-
Посебен режим на сообраќај поради ноќната атлетска трка
-
Експлозии во клучните украински градови во масовен руски ракетен напад
-
Џинпинг вети дека ќе работи со владата на Трамп во неговиот последен разговор со Бајден
-
Во близина на резиденцијата на премиерот на Израел паднале две ракети