Ѓоковиќ загуби од 19-годишниот Меншик во финалето на турнирот во Мајами

19-годишниот чешки тенисер направи вистинска сензација, дојде до својот најголем успех, а во борбата за трофејот го совлада најдобриот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер релативно лесно стигна до финалето во Мајами, но во последниот меч на турнирот не можеше да возврати на фантастичниот сервис кој е главната одлука на Меншик.
Во првиот сет двајцата тенисери загубија по еден свој сервис, мечот отиде во тајбрејк каде издоминира Меншик. Чехот почна со 5-0, Ѓоковиќ се врати, но само за да го ублажи загубениот тајбрек, беше 7-4 за младиот тенисер.
Во вториот сет двајцата тенисери ги добија своите сервиси, па повторно се играше тајбрек кој по поголема борба Меншик повторно го доби со 7-4 и ја комплетираше победата од 2-0.
По мечот Меншик потврди дека Ѓоковиќ е неговиот идол и ова е негова најголема победа во кариерата.
Ново на Сител
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
-

СДСМ: Савевски работи по налог на Мицкоски
-

Николоски: Нови инвестиции во Охрид
