Ѓорческа ја очекува противничката во квалификациите на УС Опен
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска попладне ќе го дознае името на ривалката во првото коло од квалификациите на четвртиот Грен слем турнир УС Опен што се игра на терените на Флешинг Медоу во Њујорк.
За Ѓорческа ова ќе биде настап на сите четири грен слем турнири оваа година и вторпат во својата кариера во една година ќе има настап на сите турнири (2017 година имаше настап).
Во својата кариера Ѓорческа досега имала три настапи во квалификациите на УС Опен – 2016, 2017 и 2018 година и во својот последен настап беше дел и од втората рунда од квалификациите. Ѓорческа во моментов се наоѓа на 193. место на ВТА листата.
Пред настапот на УС Опен, македонската тенисерка имаше успешни настапи финале на фјучрс турнир во Рим, како и полуфинале на фјучрс турнир во Португалија што се играше на тврда подлога.
Ново на Сител
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка