Тенис
11. April 2017 - 16:17

Ѓорческа како „лаки лузер“ загуби во 1.коло на ВТА турнирот во Биел

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа загуби во првото коло на ВТА турнирот во Биел, Швајцарија (награден фонд 250.000 долари). Таа и покрај тоа што не ги мина квалификациите (поразена беше во 3.коло од квалификациите) како „среќен губитник“ доби шанса да настапи на главниот турнир. Денеска настапот го откажа шестата носителка Алис Корне од Франција и Ѓорческа настапи на нејзино место.
 
Сепак поуспешна беше младата тенисерка од Чешка Маркета Вондрусова, која оствари победа од 2-0 во сетови. Првиот сет по голема борба и припадна на Вондрусова со 7:6 во гемови и 7:4 во тај брекот, додека во вториот сет Ѓорческа беше во негатива од 5:0 и сетот заврши со 6:1 во гемови за ривалката. Мечот траеше 65 минути.
 
Нашата тенисерка на овој турнир ќе настапи и во конкуренција на двојки каде утре заедно со Русинката Анастасија Комардина ќе играат против четвртите носителки Елис Мертенс (Белгија) и Хетер Вотсон (Велика Британија).