-->
-->
Ѓорческа продолжува со настапите во сингл на фјучрсот во Италија
-->

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на фјучрсот во Италија (награден фонд 25.000 долари) се пласира во четвртфиналето во поединечна конкуренција, а загуби во полуфиналето во двојки на мечевите одиграни денеска.
Најпрвин во сингл во меч од 2.коло ја победи Анастасија Грималска (Италија) во два сета со 6:2 и 6:4 за 74 минути игра. Утре во четвртфиналето ќе игра против Романката Ирина Марија Бара. Во меѓусебните мечеви скорот досега е 1:1 во победи. Ѓорческа има победа во 2014 година во Софија, а Бара оваа година победи во полуфиналето во Хамамет. Романката Бара се наоѓа на 288 место на ВТА листата.
Во полуфиналето во игра на двојки заедно со Анастасија Комардина од Русија како први носителки загубија од Кристина Ферандо (Италија) и Вивен Јухазова (Словачка). Првиот сет со 6:1 во геомви им припадна на Ѓорческа и Комардина, а во вториот ривалките беа посуспешни со 6:4. Во решавачкиот беше 12:10 на поени за Ферандо и Јухазова. За пласманот во полуфиналето нашата тенисерка ќе освои 18 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
