Ѓорчев: 3.200 луѓе во Македонија починаа од Ковид-19
Ќе соопштам тажни бројки, детални и прецизни бројки кои што се однесуваат на она што секојдневно за жал ни се случува.
Почитувана македонска јавност,
Македонија ги живее најтажните и најцрните моменти од своето постоење како држава. Македонија денеска има 3.200 мртви, 3.200 починати луѓе. Но, кога ќе ги погледнеме бројките по градови стануваме свесни за размерите на ужасот и катастрофата која што ни се случува.
Во Скопје веќе имаме 1.020 починати луѓе. Бројките се речиси исти како скопскиот земјотрес, тоа е ужасот и трагедијата која што ни се случува.
Понатаму Битола 156 мртви, Охрид 138 починати, Прилеп 264 мртви од короната, Велес 112, Штип веќе се движиме кон бројката од 100, Струмица 115 семејства ги изгубиле најблиските, Кочани 50, Куманово 213 починати.
Ова не се само бројки, ова се семејства, ова се луѓе, ова се судбини. Ова се црните и катастрофалните бројки од неспобноста на Зоран Заев, Венко Филипче и нивните министри. Време е за одговорност и време е за оставка.
Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип