Ѓоргиев: Како заеднички да го чествуваме Делчев со држава која не ги признава македонскиот јазик и нација
Не можете постојано да ја обвинувате другата страна и да заземате став дека вие сте тие што ја кажувате вистината, дека вашиот пристап кон работата е вистинскиот, а да очекувате другата страна да го прифати сето тоа и да не реагира на тоа, изјавил македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на Заедничката историска комисија помеѓу Македонија и Бугарија, во интервју за бугарски „БТВ“.
Според него, духот на работата на Комисијата се смени заради некои други работи, не затоа што Бугарија даде поддршка за влез на Македонија во НАТО и со тоа ја исполнивме нашата цел и повеќе не сакаме да работиме.
– Видете, ако ние треба да изградиме заеднички став во комисијата за тоа, на пример, дека треба заеднички да го чествуваме Гоце Делчев, а притоа државата со која треба заеднички да го чествуваме Гоце Делчев не го признава македонскиот јазик, тврди дека ние сме нација од 44-та година, Титова? Како може ние една таква препорака да дадеме до нашата Влада? Како можеме да дадеме таква препорака за држава која не нè признава онака како што сметаме ние дека како нација постоиме? И на кој начин таа јавност овде ќе ја прифати таа препорака? – посочува Ѓоргиев.
На прашањето дали има докази дека Самуиловото царство не е наследник на Првото бугарско царство, тој му одговара на новинарот дека не би сакал да навлегува во материјална расправа и толкување на изборите од средниот век, меѓутоа во книгите и студиите што се напишани во тој период постојат размислување дека таа држава може да се толкува и како држава која е различна од бугарската држава.
За професорот, Ангел Димитров, кој е копретседател на Комисијата од бугарска страна, Ѓоргиев вели дека бил револтиран од од неговиот однос.
– Ние уште бевме во Министерството, не бевме излезени од зградата после средбата, тој веќе даваше изјава со таа негова позната обвинувачка реторика кон нашата страна. Досега не сме имале таква реакција од која било страна дека ние зборуваме невистина и шириме некакви лажни вести во нашата јавноста – вели тој.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико