Ѓорѓиевски: Граѓаните се уплашени од криминалот
Скопје се претвора во див запад. Криминалот царува на улиците, граѓаните не се безбедни, а полицијата е неспособна да ги заштити.
Видеото кое беше објавено на медиумите, а од кое се гледа како во Аеродром, една од најурбаните населби во Скопје на фреквентна локација неколку лица буквално претепуваат млад човек нанесувајќи му животно загрозувачки повреди е скандалозно и пример за неспособноста и неработењето на МВР.
Ваквата бруталност по улиците на Скопје не го вознемирува само Оливер Спасовски и неговите соработници кои што се во коалиција со криминалот. Граѓаните се уплашени од криминалот.
Поради неажурноста на Спасовски граѓаните повеќе не се чувствуваат безбедно во нашата земја. Нема населено место во државата, каде криминалот не е во пораст. Убиства, грабежи, палење на коли станаа за жал наше секојдневие. И ништо од тоа не е разјаснето.
Децата и возрасните гинат по улиците. Пред само недела дена припадник на МВР уби и запали човек, а од Спасовски нема никаква одговорност.
Наместо да се зафати со зголемување на безбедноста во државата Спасовски си тера кампања за промена на името.
Граѓаните од Спасовски не очекуваат да оди по градовите и да агитира за референдумот, граѓаните од него очекуваат да го намали криминалот, кој откако СДСМ е на власт во државата за жал е во пораст.
Граѓаните наместо живот добија смрт. Со оваа власт никој повеќе не се чувствува безбеден. Со оваа власт секој живот е загрозен. Токму затоа СДСМ мора час поскоро да си замине. Република Македонија и нашите граѓани заслужуваат подобро.
Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Израелската армија изврши напад врз јужните предградија на Бејрут
-

Обвинителство отвори истрага против три лица за криумчарење штетни средства за лекување, за сопственичка на салон за убавина бара мерки за претпазливост
-

Нетанјаху загрижен поради евентуални американски отстапки во преговорите со Иран
-

Шкендија Тетово и Силекс се финалисти во Купот на Македонија
-

МВР: Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило
-

Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени
-

Рокас: Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме, потребен е прагматизам и обединување
