Ѓорѓиевски: По долгите години чекање, симболот на солидарноста и културниот идентитет на Скопје, Универзалната сала, конечно почнува да се гради

Конечно, Универзална сала почнува да се гради. По долгите години чекање, симболот на солидарноста и културниот идентитет на Скопје, Универзална сала, повторно оживува, објави вечерва на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
-Започнува изградбата на објектот кој е сведоштво за духот на градот, за неговата истрајност и љубов кон културата - истакна тој.
Проектот, како што посочи, ќе се реализира по принципот „клуч на рака“, а реконструкцијата е предвидено да заврши до декември 2027 година.
-Ова е еден од клучните проекти во подготовките на Скопје за носење на престижната титула Европска престолнина на културата 2028 - признание што го става нашиот град на културната мапа на Европа, нагласи градоначалникот.
Ѓорѓиевски додаде дека со новиот лик на Универзална сала, Скопје ќе добие современ, функционален и репрезентативен културен храм, место каде ќе се создаваат спомени, ќе се негува уметноста и ќе се слави креативноста.
-Театар, концерти, фестивали и големи културни настани ќе добијат дом достоен за нивната вредност. Универзална сала е симбол на солидарноста по катастрофалниот земјотрес, место каде генерации скопјани ги доживеале своите најубави културни моменти. Нејзиното обновување значи враќање на душата на градот и создавање мост помеѓу минатото и иднината, нагласи Ѓорѓиевски.
Тој изрази посебна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за, како што напиша, огромната поддршка и посветеност во реализацијата на овој значаен проект, како и до министерот за култура Зоран Љутков.
-Продолжуваме да градиме, за Скопје какво што го заслужуваме, нагласи скопскиот градоначалник.
МИА
Ново на Сител
-

Техеран: Ормуската Теснина е целосно под контрола на Иран
-

Во вторник во Вашингтон почнуваат преговорите меѓу Израел и Либан
-

Од вторник до четврток променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Приведен 22-годишник откако физички, со дрвен предмет ја нападнал невенчаната сопруга
-

Ѓорѓиевски: Воскресението е темелот врз кој се гради нашата вера, нашата иднина, моменти кога треба да се обединиме како народ
-

Воскресна богослужба - Второ Христово воскресение во Соброрниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Со закана со нож украле пари од малолетници во Градски парк, приведени четворица разбојници
-

Приведени двајца крадци, одзеле личен накит од скопјанка
