Ѓорѓиевски: Подземната сообраќајница под „Лимак“ ќе го растовари метежот во Центар, а улицата „Даме Груев“ ќе прерасне во булевар

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски денеска најави проект кој, како што рече, ќе ја промени сообраќајната иднина на градот, првата фаза од булевар „Македонија“ и улицата „Даме Груев“ да прерасне во булевар.
-Овој проект не е само дел од мојата програма, туку вистински пресврт за централното градско подрачје. Се работи за клучен проект што ќе го растовари целосно метежот во центарот на Скопје. Новиот кружен тек кај „Нова Македонија“ и двата кружни тека кај булевар „Кочо Рацин“ и улица „Железничка“ ќе донесат побезбеден проток и паметни сообраќајни решенија според европските стандарди, изјави Ѓорѓиевски.
Нагласи дека со пуштањето во употреба на подземната сообраќајница под „Лимак“, Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница во нашиот главен град.
-Таа ќе има шест ленти, четири за двосмерен сообраќај на автомобили, две за автобуси и дополнителни тротоари. Со оваа подземна сообраќајница под „Лимак“, сообраќајот ќе тече, би рекол, сосема непречено, а центарот ќе доживее значително растоварување, што ќе го направи движењето низ целиот град многу покомфорно и побезбедно. Мислам дека ќе успееме да постигнеме и целосно ослободување од метежот во центарот, изјави Ѓорѓиевски.
Информира дека предвидуваат уште едно капитално решение, а тоа е улицата „Даме Груев“ да премине во булеварско решение. - Иако постојат предизвици со зградата на „Макотекс“, имаме јасен план за правно и техничко решение. Со реализацијата на овој проект, централното градско подрачје ќе биде речиси целосно растоварено, создавајќи современ, урбан и проточен простор кој ќе го трансформира секојдневното движење на граѓаните, Ѓорѓиевски.
Во однос на паркирањето, Ѓорѓиевски најави дека значително ќе се подобри со изградбата на современа катна гаража од европски тип на местото од дотраените бараки и постојниот монтажен паркинг во Буњаковец. Дополнително, преку монтажни паркинзи во Капиштец и Под Кале ќе им се овозможи на жителите и многу поудобен пристап до паркинг.
Орце Ѓорѓиевски, побара граѓаните да го поддржат кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Мирослав Лабудовиќ. Лабудовиќ потенцира дека заедно имаат визија како треба да изгледа градот и Центарот. Најави дека ќе работат и оти по четири години ќе има подобрување на квалитетот во делот на хигиената, безбедноста, вклученост на младите во сите сегменти...
-Некои од проектите Орце ги кажа. Максимална поддршка ќе има општината, со максимална заемна координација и соработка и градот ќе го направиме многу подобро место за живеење. Граѓаните на Центар и на Скопје очекуваат и ќе добијат промени, како организиран јавен превоз, повеќе паркинг места, смарт паркинг системи. Зборуваме за ред и да се тргне хаосот што ни се случува во овој момент, рече Лабудовиќ.
Информира дека работат на проекти за нова општинска зграда, за нови градинки и основни училишта и вклучување на младите во спортот и културата.
МИА
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
