Ѓукановиќ: Црна Гора да ги затвори границите и да ја забрза имунизацијата
Претседателот Мило Ѓукановиќ побара затворање на границите на Црна Гора и забрзана имунизација затоа што, како што рече, здравјето на граѓаните е во сериозна опасност.
Ѓукановиќ рече дека бројот на починати е „страшен“, како и бројот на заразени од коронавирус, поради што е потребно навремено воведување и ефикасно спроведување на епидемиолошките мерки – затворање на границата за влез во државата без ПЦР-тест, како и забрзување на процесот на имунизација на населението.
Според него, за да успее тоа, како што рече, „мора да се издигнеме над сите поделби, да заборавиме на меѓусебните обвинувања и сите разлики и несогласувања од политичка и друга природа, да покажеме дека како општество сме дораснати на овој предизвик и времето во кое живееме “.
– Тоа што во април или мај минатата година беше тажна вест во пријателски земји ширум светот со многу поголемо население, поради што испраќав изрази на сочувство и солидарност до шефовите на државите во име на граѓаните на Црна Гора и во мое лично име, сега е нашата трагична реалност, изјави црногорскиот претседател.
Ново на Сител
-
Трендафилов: Бизнисмените се алчни и вештачки ги зголемуваат цените за да направат поголем капитал
-
Teма на денот со Атанаско Туневски
-
Пропадна аукцијата за 15% од потребите на ЕВН Хоум - ЕСМ понуди струја за 60 евра мегават час
-
Се уште се чека понудата од ЕСМ за цената на струјата
-
Законот за облигациони односи под лупа на Уставен суд
-
Мицкоски подготвен за „непријатна средба“ со Мицотакис на НАТО самитот
-
ФФМ бара казна за Албанија – На политиката не и е местото во фудбалот
-
По вежба на Криволак, почина млад војник