Ѓурчески: Периодот за распишување потерница да се намали на 6 часа, да се активира системот „Најди ме“

Поранешниот началник во МВР, Благој Ѓурчески во разговор за Утринската програма на Сител ТВ, зборуваше за потребата од променени во законските акти околу распишувањето потерница за исчезнати лица. Имено според Ѓурчески рокот од 24 часа кои треба да поминат за да се распише потерница, е предолг и истиот треба да се намали на најмногу шест часа.
Податоците покажуваат дека системот на МВР 69 лица ги води како исчезнати. Фрапантни се бројќите околу исчезнатите малоелтни лица. Имено од 2020 година до денес исчезнале 74 малоетни лица од кои 65 биле пронајдени а девет се уште се водат како исчезнати.
Случајот со 14 годишната Вања Ѓорчевска која исчезна пред три дена ја отвори пандорината кутија за тоа дали Македонија има функционален систем за брзо известување кој ќе помогне за поефикасна потрага.
Ѓурчески меѓу другото потенцираше дека итно е потребно профонкционирање на системот ,,Најди ме” со кој на располагање во исвестувањет ќе се стават медиумите, социјланите мрежи, телефонските оператори и други средства кои може да помогнат.
Во разговорот поранешниот началник отвори и многу други прашања советувајќи ги своите поранешни колеги и за одредени чекори кои може да допринесат во истрагата за малата Вања Ѓорчевска.
Ново на Сител
-

УЕФА ќе го тужи Инфантино
-

Попладне наместа услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Во време на премрежија ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри да истраеме на патот на доброто
-

Два светски рекорди на атлетскиот митинг во Цирих
-

Тројца македонски државјани загинаа, а двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Словенија
-

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати
-

Крводарителска акција во чест на празникот Голема Богородица организира Црвениот крст
-

САД се близу до договор за пристап до венецуелските нафтени резерви
