Македонија
20. February 2021 - 16:54

Ѓуровски, Десковска, Прешова дел од тимот за изработка на Законот за воена и вонредна состојба

Министерството за правда формираше работна група за изготвување на Закон за воена и вонредна состојба во која се наоѓаат универзитетските професори Рената Треневска Дескоска од Правниот Факултет-Скопје, Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје, Денис Прешова од Правниот факултет, Александар Спасов како претставник од Кабинетот на Претседателот на државата и други претставници од надлежните министерства и агенции кои треба со свои предлози, анализи, препораки од научно-истражувачки проекти и компаративни искуства да земат учество во пишувањето на новото законско решение. 

„Идниот закон за воена и вонредна состојба треба да биде продукт на јавната дебата од експертите, и воедно да биде донесен со општ консензус. Верувам дека ќе се донесе квалитетно законско решение кое ќе го одразува нашето единство, а не поделбите околу клучните прашања поврзани со опстанокот на нашата држава и нејзината иднина„нагласи претседателот Стево Пендаровски кој е иницијатор на јавната дебата.

„Начинот на прогласување на вонредна состојба, улогата на Собранието, времетраењето, правното дејство и карактерот на уредбите, како и координацијата на институциите треба да бидат регулирани во новиот закон за вонредна и воена состојба„ нагласи министерот за правда Бојан Маричиќ

„Врз основа на научените лекции се очекува да се создаде законска рамка за пополнување на правната празнина и создавање на функционален систем кој ќе одговори на потребите и барањата во воена или вонредна состојба„, нагласи универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски на денешната конференција за вонредната состојба:научени лекции и идни предизвици во организација на Претседателскиот центар за политичко образование. Според Ѓуровски кој е член на работната група за изработка на новиот закон, заедничко на вонредната и кризна состојба е нефункционалноста, неефикасноста, немањето на соодветни ресурси и дека ги надминува способностите на безбедносниот систем.

Во Законот за вонредна и воена состојба според универзитетскиот професор „треба да се предвиди посебна одредба за функционирање на Главен штаб при владата за управување во услови на воена и вонредна состојба за да се обезбеди координација на безбедносните институции, треба да се разгледа можноста преку посебен Заменик Претседател на Владата да се  координира работата на безбедносните институции, агенции и др. Воедно потребно е разгледување на местото и улогата на Советот за национална безбедност на РСМ и улогата и  надлежност на Претседателот на државата во донесувањето на Уредбата на Владата, дали пред нивно објавување на уредбите може да бидат потпишувани од Претседателот на државата„.

Системот за управување со кризи и заштита и спасување се наоѓа на респиратори за дишење

Според професорот Ѓуровски „системот за управување со кризи и заштита и спасување се наоѓа на респиратори за дишење и се одржува во живот поради тоа е потребна реформа во системот за управување со кризи и заштита и спасување„.

„Да се пристапи кон анализа на функционирањето на ЦУК и ДЗС во редовни услови, како и во услови на кризна така сега во вонредна и воена состојба и да се изнајде модел кој ќе одговара на потребите и реалните