Гласаат болните и инвалидизирани лица и осудениците во Затвор-Штип
Во Штип денеска гласаат вкупно 29 болни и инвалидизирани лица.
Според заменик-претседателот на избирачкото место во Затвор-Штип, Влатко Конев, до 11 часот 42 отсто од осудентите лица го искористиле своето право на глас на референдумот.
- Гласачкото место е отворено во 7 часот, гласањето се одвива според препораките на ДИК и немаме никакви проблеми. Со право на глас се вкупно 206 лица, рече Конев.
Претседателката на ОИК-Штип Сенка Андреева информирашр дека избирачките одбори од утринава почнаа и со подготовките, односно ги уредиле и избирачките места со добиениот избирачки материјал, за утре во 7 часот да бидат и отворени.
Во Штип со право на глас се вкупно 41.854 гласачи, а во 11-те општини во источниот регион право на глас имаат вкупно 152.438 избирачи.
Ново на Сител
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев