Гласачите веруваат дека за нивните барања и потреби најмногу се грижи ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните се уште имаат најголема доверба во ВМРО-ДПМНЕ, далеку поголема од онаа која ја имаат во СДСМ, покажа најновата анкета на Брима Галуп.
Гласачите во земјава веруваат дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ најмногу се грижи за нивните барања и лични потреби. 26, 9 проценти од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, а само 16 отсто дека тоа е СДСМ.

Анкетираните главно му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето „На чиј збор и верување повеќе им верувате – на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ, 32,8 проценти од испитаниците се изјасниле дека веруваат во ветувањата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а 15,3 отсто рекле дека повеќе веруваат на СДСМ.

И кога ќе се издвојат одговорите на испитаниците кои се Македонци, се јавува повеќе од двојна разлика, во корист на ВМРО-ДПМНЕ – 40 отсто се изјасниле за владејачката партија, а 18,4 проценти за опозиционата партија.

Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
