Главниот влез во бугарскиот парламент е блокиран одвнатре со маси, демонстрантите се обидуваат да влезат
Централниот влез на бугарското Националното собрание во Софија е блокиран одвнатре со маси, откако демонстрантите се обидоа да влезат во зградата.
Митингот против зелениот сертификат го организираше парламентарната партија Преродба. Пратениците од партијата, кои се внатре во Народното собрание, ги повикуваат обезбедувањето да ги пуштат демонстрантите во парламентот.
– Ова не треба да се случува пред бугарскиот парламент, изјави пратеникот од „Демократска Бугарија“ Ивајло Мирчев, јави БТА. Мислам дека ова е недостојно, протестите мора да бидат мирни, рече тој и истакна дека секој има право на протест.
Најдобар коментар е едноставно објективно да се размислува за тоа што се случува и секој да суди, нема потреба од коментар, изјави Јавор Бојанков од БСП за Бугарија. Тој потсети дека денеска има повеќе од 100 луѓе кои починале од коронавирус, и повеќе од 7.000 се заразени. Тој додаде дека мерките во Бугарија се најблаги во Европа и нема причина за протести. Собраниската седница веќе заврши, во зградата се уште има пратеници и новинари, и откажани се комисиските состаноци, јави БТА.
Ново на Сител
-
Трамп го назначи Стивен Милер за заменик-шеф за политика во новата администрација
-
СДСМ: Mицкоски сака да го партизира судството
-
Стејт Департмент: Блинкен ќе се сретне со израелскиот министер Дермер, САД инсистираат на поголема хуманитарна помош за Газа
-
Израел соопшти дека Хезболах истрелал 165 ракети кон северен Израел
-
ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете
-
Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог…
-
Курти: Прво Бриселскиот, а потоа и Вашингтонскиот договор
-
Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија го воодушеви светот