Глетка од која запира здивот: Млади се излежуваат над кањонот
-Луѓе погледнете го ова, можете ли да поверувате, зборуваа возачите кои со возилата минуваа низ кањонот Тијесно во БиХ.
Кадарот кој се укажуваше пред нив беше навистина неверојатен!
По целата должина на кањонот, кој се смета за еден од највеличествените и најопасните во Бих, на 80 метри долгите сајли, екипите на Игор Скотланд и Себастијан Валхутер го направија „Перформансот Виножито“.
Во шарени „марами“ од кои направиле своевидни лежалки 30 членови на овој одличен тим, си лежеше и се лулаше над 200 метри длабокиот кањон.
Во својот перформанс без нималку страв сите се однесуваа како се да е нормално и како да не постои ни малку опасност во тоа што го прават.
Десетици возачи ги поздравија со звукот на сирените, а посадата од рафтинг чамецот долу не можеа да веруваат што гледаат над себе.
Од планинарскиот клуб „Екстремен“ истакнаа дека се многу горди и почестени што биле домаќини на „Перформансот Виножито“.
Тие истакнаа дека им била голема чест што го угостиле Џулијан Митермајер (24) од Германија кој во кањонот Тијесно со собори светскиот рекорд во одење по најлонско јаже на висина од 413 метри.
Погледнете го видеото од „Перформансот Виножито“ во кањонот Тијесно:
https://
.be
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени