-->
-->
Го фатиле со 100 килограми тутун без платени давачки, уапсен струмичанец
-->

На 11.01.2022 во 03.30 часот на магистралниот пат Свети Николе – Штип, кај населбата Три Чешми, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ж.А.(61) од Струмица, бидејќи при контрола на товарно возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени околу 100 килограми сечкан тутун, спакуван во ќеси и кутии на кои имало називи и логоа од познати брендови на тутун, но без акцизни маркички и декларации.
За случајот се запознати Јавен обвинител и Царинската управа на Република Северна Македонија, а по негово комплетирање ќе следи соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5
-

Повеќе од 550 лица приведени на демонстрациите по повод 1 мај во Истанбул, во останатите градови во Турција одбележувањето поминаа мирно
-

Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија
-

Мицкоски: Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава
-

Лишени од слобода седуммина за безобѕирно управување возило
-

Претрес во струмичко, пронајдена дрога, лишени од слобода четири лица
-

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица
-

Мицкоски: Дел од синдикатите што денеска протестираат беа со мене на прес-конференции кога заеднички постигнувавме договори за поголеми права за вработените и повисоки плати
