Македонија
30. January 2022 - 17:12

Го фатиле со кокаин, марихуана и МДМА во близина на ноќен клуб - кривична за скопјанец

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.К.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Имено, на 19.01.2022 во Скопје, во близина на ноќен клуб, полициски службеници кај пријавениот пронашле и одзеле кокаин, марихуана и металендиоксиметамфетамин (MDMA).