-->
-->
Го ископа теренот за да одбрани пенал??? (ВИДЕО)
-->
Голманот на Аугсбург Мартин Хиц направи несекојдневен потег на првенствениот меч од Бундес лигата со Келн. Откако беше досуден пенал за противникот во мешаницата Хиц ископа дупка во близината на белата точка без да биде забележан што подоцна му помогна да го одбрани пеналот на Медест кој при изведувањето се лизна и упати млак удар.
Овој потег на Хиц предизвика бура од реакции во Германија а осудата беше уште поостра откако на Твитер напиша: „Не е срамота да се пошегувате во тешки моменти“.
Како и да е ова беше првиот одбранет пенал на Хиц во Бундес лигата за што не е казнет од федерацијата туку од управата која му наплати 122 евра за оштетување на тревникот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
