Го касна најотровната змија на светот: Седумгодишно дете умре за неколку минути

Седумгодишно дете од Зимбабве почина откако го гризна смртоносна црна мамба.
До трагедијата дошло кога малечкиот Тахабани Сибанда отишол со својот 16-годишен брат Тамсанк во џунгла за да го побараа изгубеното магаре на своето семејство.
Како што раскажува постариот брат, по неколку часа одлучиле да се одмор и седнале под едно дрво. Во еден момент постариот брат ја забележал отровницата како лежи близу малиот брат и го предупреди полека да се тргне. За жал тој испаничил и змијата го каснала кога нагло станал.
Младиот брат почувствуал слабост, се пожалил дека не може да ги мрда рацете и нозете, ниту да дише. Братот го зел во раце и почнал да трча кон селото, но по неколу минути малото дете починало.
Црната мамба е една од најотровните змии и може да нарасте и над 4 метри должина (од отровниците подолга е само кралската кобра), иако повеќето возрасни примероци не се подолги од 3 метри. Живее на подрачјето на субсахарска Африка и позната е како најбрза копнена змија која може да се движи со брзина од 11 км/час, но и побрзо на кратки релации.
Сепак пред се е позната како најсмртоносна змија на светот. Поседува убиствена комбинација на силен неуротоксин и со еден криз може да вбризга и до 400 мг отров, иако просек и е околу 120 мг.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
