Го нарекуваат село на духови, а пред 50 години било исполнето со детски џагор

Едно напуштено село, познато уште и под името „село на духови“ се наоѓа во долината Горна Свансеа во Велс. На старите мапи е означено како пантифинон, а напуштено е пред повеќе од 50 години, поради серија лизгања на земјиштето кои го погодиле оваа место, пишува „Мирор“.
Пред педесет години на неговите улици се играле деца, шетале луѓе, од оџаците излегувал чад, а мажите и жените се занимавале со градинарство.
Сега чекорите одѕвонуваат низ празните камени ѕидови, а оградите од железо се единствените знаци дека тука некогаш имало живот.

Меѓу населението живеел страв, затоа што властите наредиле евакуација и на соседното село, па многумина веруваат дека историјата се повторува. Заборавеното село во долината Горна Свансеа некогаш било дел од главниот автопат помеѓу Свнасеа и Брекон, се додека планината не го променила својот став по тоа прашање.
Едно лице која за овој настан знае повеќе е Росалин Дејвис, која тука живеела пред лизгањето на земјиштето.

Тука претходно живееше цела заедница. Ова беше мој дом и секогаш ќе биде. Мислам дека се изгубени околу 100 куќи. Тоа е ужасна работа – вели таа
Додава дека ова било прекрасно место за растење. Сега кога чекори по овие патишта вели дека и се враќаат и добрите и лошите спомени.

Денес ова е село на духови. ова беше многу среќна заедница, а денес се изгледа така тажно – вели Дејвис.
Поголемиот дел од имотите во северозападниот дел се напуштени и разрушени поради серијата лизгања на земјиштето кои го погодиле тоа подрачје во последните 60 години.


Ново на Сител
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
