Го оштетиле Буџетот за 11.004.500 денари - Финансиска полиција со кривична пријава за едно физичко и едно правно лице

Управата за финансиска полиција до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против А.Б.Г во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за консултантски услуги АЛТЕРА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје и против правното лице Друштво за консултантски услуги АЛТЕРА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело 60-а од Законот за Данок на додадена вредност.
-Првопријавениот од 03.08.2021 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект Друштво за консултантски услуги АЛТЕРА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје, постапил спротивно на член 43 став 3 од Закон за ДДВ, на начин што, пријавената даночна обврска по основ на ДДВ во износ од 11.004.500 денари која бил должен да ја плати во рок од 15 дена по денот на приемот на решенијата за утврдување на данок, не ја уплатил, односно ја присвоил за себе и пријавеното правно лице, со што пријавениот го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 11.004.500 денари, соопштија денеска од Управата за финансиска полиција.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
