-->
-->
Го прашаа Путин кога ќе го употреби нуклеарното оружје: Тоа ќе се случи само во еден случај, а еве како ќе завршат непријателите на Русија
-->
Рускиот претседател во текот на вчерашниот ден изјави дека неговата земја би била подготвена да го користи своето нуклеарно оружје само како одговор на напад.„Немаме концепт за да го користиме нуклеарното оружје во превентивни цели“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на политичкиот форум во Сочи, пренесува руската новинска агенција „Интерфакс“.
Русија е подготвена да го користи своето нуклеарно оружје „само кога ќе бидеме сигурни дека некој, потенцијален агресор, ќе ја напаѓа Русија“, нагласил првиот човек на Руската Федерација.
Меѓу другото, Владимир Путин открил и какви ќе бидат последиците доколку некоја непријателска земја одлучи да ја нападне Русија со слично оружје: „Агресорот мора да знае дека одмаздата ќе биде неизбежна. Ќе биде целосно уништен“, изјави рускиот претседател.
„Како жртви на агресија, како маченици, ние ќе одиме на небото, но тие само ќе умрат затоа што ќе немаат време за каење“, изјави Владимир Путин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
