Го претепале и ограбиле - Хорор за битолчанец

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против И.Р. (36) од Битола, поради постоење основи на на сомнение дека сторил кривично дело “разбојништво“ и против Љ.И.(53) од Битола, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело “помагање на сторител по извршено кривично дело “.
Како што информира полицијата, на 02.07.2015 година во околу 03:45 часот, првопријавениот откако претходно се маскирал со фантомка, го отворил прозорецот од куќа во с.Ротино-битолско и со употреба на физичка сила извршил разбојништво врз сопственикот на куќата (сега покоен) Павле Т.(78) при што му одзел 22.000 денари.
Насилникот му нанел повеќе удари со дрвен стап во пределот на целото тело, од кои оштетениот се здобил со телесни повреди, поради кој бил задржан на лекување во Клиничка болница во Битола.
На 02.07.2015 година од страна на полициските службеници повикан бил второпријавениот со цел распит за проверка на алиби на прворијавениот, (од причина што истиот дал изјава дека во критичниот период цела вечер бил дома кај второпријавениот).
Второпријавениот свесно и со умисла дал лажен исказ дека истиот бил цела вечер кај него дома, со што му помогнал на првопријавениот по стореното кривично дело.
Ново на Сител
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
-

Дизелот поевтин за 2 денари од полноќ, бензините покапи за 3,5
-

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје – можна ли е деблокада на евроинтегративниот пат?
-

Гаши е убеден оти нема да има предвремени избори, но се актуелизира Изборниот законик
-

Матичен ќе издава боледување до 5 дена, Фондот ќе проверува дали пациентот е дома
-

Стивнува епидемијата на западно-нилска треска - Двајца пациенти се уште се во критична состојба
