Го прогласиле за мртов пред 20 години па си подигнал надгробна плоча и на нејзе напишал "Миќа Вампир"
Мирољуб Илиќ од Алексинац морал пред 20 години поради грешка на Пошта Србија да докажува дека е жив.
Сега Миќа Вампир на себе за животот си подигнал споменик на кој покрај датумот на раѓање се напишани уште два негови важни датуми - денот на смрта во документите и денот на воскресување, од кога, како што вели живее друг живот.
Овој човек на својата надгробна плоча ставил и две фотографии - една на Илиќ Мирољуб и една на Миќа Вампир иако се работи за истиот човек, разлика нема.
- Повеќе ме знаат како Миќа Вампир бидејќи како Мирољуб Илиќ малку ме знаат. Човекот кој го правел споменикот беше збунет: "Две слики, што, како, тоа никогаш не ми се случило, а јас му велам: "Па имам два животи, затоа мора и да бидат две слики. Некој вели: "Во ред е", некој вели: "Што ти требаше ова?" Јас велам да се знае кој сум, сепак сум вампир - ојбасува за РТС.
Со роднните и пријателите прославил и полнолетство во другот живот, бидејќи како што вели 21 година живее со новиот надимак.
- По правило ноќно време треба да сум излезен, но јас сепак сум денски активен па луѓето не се плашат од мене иако се прашуваат дали сум навистина вампир или не - додава тој.
Во 1996 година во Алексинац брзо се раширила веста дека Мирољуб починал. Како редовен плаќач, изненаден бил кога му стигнало писмо дека поради смрт го губи телефонскиот број, па му биле потребни неколку дена за да докаже дека е жив.
Ново на Сител
-
Излезни анкети од изборите во Косово: ВВ на Курти 38,2%, ПДК на Красниќи 22,4%, ЛДК на Абдиџику 20,1%, ААК на Харадинај 7,6%
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење