-->
-->
„Го сакам Водно“ бара средби со одговорните за изградбата на гасоводот низ Парк шумата Водно
-->
- Граѓанската организација „Го сакам Водно“ бара дебата со директорот на МЕР, градоначалникот на Скопје и заменик министерот за животна средина и просторно планирање на која, како што велат, јавно ќе ги изнесат нивните агрументи за изградбата на гасоводот низ Парк шумата Водно.
- Бараме ревизија на проектот, постапување на институциите по доставените претставки, нивна меѓусебна соработка, а не изземање од надлежности и неделување, како и одговорност и казнивост за сите пропусти и прекршени законски обврски, порачуваат од „Го сакам Водно“.
Нагласуваат дека, според нив, вчера на диво продолжија градежните активности за изградба на гасоводот преку Водно и оти се работи без почитување на цела листа на прописи и законски обврски. Како дел од пропустите ги истакнуваат немањето ознаки, обележан заштитен појас околу градежните работи, знак за предупредување дека работи тешка машинерија, документација на терен, адекватна униформа и заштитна облека за работниците, мобилни тоалети, ознаки на возилата, соодветен надзор, постојано присуство на противпожарно возило,...
- Се работи на изменета траса, не на проектираната траса и за степенот на измена треба да се утврди дали е во законските рамки на постоечкото одобрение за градење, кое пак самото содржи низа нерегуларности. За сите пропусти, поднесени се претставки до Државен инспекторат за животна средина, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, Државен инспекторат за труд, Државен инспекторат за шумарство и ловство, Инспекторат на Град Скопје и до МЖСПП. Но, без резултат, велат од Го сакам Водно.
Сето тоа, како што посочуваат, е причината и одговор на прашањето зошто ја попречуваат изградбата на гасоводот со жив ѕид.
- За заканите по живот и наредбата да се гази се пред себе, очекуваме отстранување на тоа лице од понатамошна работа на овој проект, покренување на дисциплинска постапка и транспарентно објавување на целиот процес, да не остане само на декларативно искажани зборови, без преземени акции, потенцираат од Го сакам Водно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња