Го уапсиле затоа што не вратил видео касета изнајмена пред 14 години

Еден маж од американската сојузна држава Северна Каролина е уапсен под обвинение дека не вратил видео касета што ја изајмил од една видеотека пред 14 години, соопшти полицијата во градот Конкорд.
Џејмс Маерс (37) ја носел неговата ќерка во училиште кога полиција го запрела поради неисправни светла.
Маерс вели дека кога полицаецот ја проверил неговата возачка дозвола увидел оти по него е распишана потерница, затоа што не ја вратил видео касетата изнајмен во видеотеката „Џеј-Џеј Видео“ во градот Салсбург во Северна Каролина.
Маерс раскажува рече дека полицаецот му пришол и му рекол: „Господине, не знам како да Ви кажам, но постои потерница по Вас од 2002 година. Изгледа дека позајмениот филм никогаш не сте го вратиле“.
Полицијата соопшти дека налогот е издаден на 28 февруари 2002 година на барање на сега затворената видеотека и е потпишан од судија.
Ново на Сител
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
-

Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран
-

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор
-

Де ла Фуенте: Оваа Шпанија прима малку голови и знае како да постигне гол
