Голем број пожари на отворено, изгореле хектари со пченица во Тетовско
Речиси секојдневните пожари на дивите депонии во руралните области и обработливите површини резултираат со десетици изгорени хектари земјишта, а во опасност се доведуваат и станбените објекти- куќи на жители во тетовските села, алармираат од тетовската противпожарна единица.
Командантот на пожарникарите Ука Алити, вели дека деновиве изгоре многу пченица, а најопасно било во Циглана дел од тетовската населба Дреновец.
– Во Дреновец во Циглана пожарот на отворено дојде до самите куќи, за среќа немаше зафатен објект. Само вчера во атарот на селото Стримница изгореа над 20 хектари земјиште со пченица. Во Одри, пред три дена, изгоре многу површина нежнеана пченица. Земјоделците чекаат да со соберат сега приносо, но жал има несовени граѓани кои палат и доаѓа до појава на пожари, објаснува Ука Алити.
Покрај високите температури за појавувањето на пожарите, според командантот, значаен фактор е човечкото поведение.
– Има намерно палење смет на отворено, но и отпадот што се наоѓа на диви депонии. Многу се фрла стара покуќнина и мебел и се пали за да изгори, ама после се проширува огнот. Во дивите депонии се фрла и материјал кој е опасен и сам може да се запали. Невнимание има и кај земјоделците кои со палење на оган сакаат да изгорат стрништа и слични отпадоци, објаснува Ука Алити.
Тој предупредува дека и покрај тоа што пожарникарите се подготвени потребна е поголема совесност и институционална поддршка.
– Мобилизирани сме за секоја интевенција, ама треба и инспектори од сите општините и други институции како и полицијата да бидат будни и да ги следат овие работи бидејќи потребни се повеќе санкции за ваквите постапки, вели Алити.
Деновиве пожари се гаснеле во Жеровјане на дива депонија, во Стенче на ниви, како и во Теарце и Брвеница.
Од полицијата потсетуваат дека предизвикувањето пожар, намерно или од човечко невнимание, претставува и кривично дело за кое се предвидени ригорозни законски санкции, парични и затворски казни до 10 години, зависно од крајните еколошки и други последици.
Ново на Сител
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите
-
Бока: Интеграцијата на Македонија во ЕУ е незавршен процес
-
Опозицијата контра именувањето на Богојески, за власта битна ќе е неговата работа, а не коментари